еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чие е опожареното возило кое го користел Артан Груби

Опожареното Ауди во скопски Чаир продолжува да ја бранува јавноста. Нејасно е зошто првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби користел туѓо возило, кога веќе има свое и зошто реагира за возило кое не е негово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крие ли Груби имот: Какво возило пријавил во неговиот анкетен лист

Тој вели дека е на негов сосед, Владата дека го користел, а неговите соопартиции дека е негово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби вели дека опожаренето возило е на сосед, Османи дека е на вицепремиерот, а СДСМ дека го користел

Наместо Груби да ги расичисти дилемите во јавноста, Јавното обвинителство ќе троши ресурси за да утврди чиво е возилото и како е стекнато.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веднаш по опожарувањето на возилото даде наредби и насоки за расчистување на настанот и за прибирање на доказите.

Меѓу преземените дејствија, издадена е наредба да се обезбеди и документацијата за начинот и времето на стекнување, сопственоста и користењето на возилото.

Надлежен орган да ја евидентира и следи имотната состојба на избраните и именуваните лица, како и да врши проверка на податоците во изјавите за имотната состојба е Државната комисија за спречување на корупцијата.

Доколку проверките упатуваат на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, Обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности“, информираа од Обвинителството.

Во меѓувреме во медиумите во недостаток на официјални, се објавуваат неофицијални информации.

Според информации на „Фокус“ од повеќе добро упатени извори, сопственик на возилото е Беким Лимани, кој го паркирал возилото и бил заведен според возачка дозвола, а возилото е во сопственост на правен субјект. Според Фокус станува збор за еден од сопствениците на компанијата „Еуро Ком Лигхтинг“, која неодамна го купи хотелот на “Гранит“ на Попова Шапка.

Според Фокус компанијата „Еуро Ком Лајтинг“ е фирма за осветлување со еден вработен, која неколку години наназад работи со загуба, а го купила хотелот за 55 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Срамота е вицепремиер да вози Цитроен ксара, 22 години стара„: Твитер реакции за опожареното возило кое го користел Артан Груби

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делегацијата на ЕУ го осуди инцидентот во Охрид

Редакција

Запленет е глисер на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоки Кичеец

Редакција

Анкета на Телма и МЦМС: Граѓаните не сакаат ни амнестија за упадот во Собрание, ни избори

Редакција