еМагазин
Image default
Локално

38-годишен починат маж најден во внатрешноста на електричен трансформатор во Тетово

Во комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово вчера е најдено безживотно тело во внатрешноста на транформатор за електрична енергија.

Телото околу 16:45 часот го нашол чуварот по што се јавил во тетовската полиција.

-Вчера во 16 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека во електричен трансформатор поставен во комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово, без знаци за живот бил пронајден 38-годишниот тетовец А.У.

Го пронашол и случајот го пријавил чуварот на комплексот, по што Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По наредба на Јавниот обвинител тело на починатиот било предадено на семејството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен прилепчанец кој алкохолизиран ги вознемирувал граѓаните

Редакција

Малолетник од Штип ги „тероризирал“ штипјани

Редакција

Полицијата прекина семејна веселба во угоситителски објект во Тетово на која присустувале 40 лица

Редакција