еМагазин
Image default
Македонија

4 медицински сестри од Штип во самоизолација, имале контакт со пациентка со коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција информираше дека четири медицински сестри од инфективното одделение од Штип се во самоизолација, откако имале контакт со пациентка заболена од коронавирусот, која била позитивна по второто тестирање.

„Има 80-годишна пациентка од Штип која била таму примена првпат на 26 март, првиот брис е негативен, тогаш е пратена на консултација и вратена назад од Скопје.

Таа се лекувала на Одделението за инфективни болести, има влошување на состојбата и на 30-ти повторно е упатена на Инфективната клиника.

Тестот е позитивизиран, а заради внимание четири медицински лица ќе бидат во самоизолација. Тие се асимптоматски, направена е прераспределба на медицинските сестри, осум дополнителни ќе ротираат од други одделенија во болницата во Штип на Одделението за инфективни болести за да се надокнади персоналот кој ќе биде во самоизолација, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медицинска сестра од Клиниката за пулмологија позитивна на коронавирусот

12 пациенти со коронавирусот со потешка клиничка слика, од нив 5 се поставени на механичка вентилација

Вкупно 354 заболени од корона вирусот: Потврдени нови 25 случаи, по седум во Скопје и Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија

Редакција

Денеска пресуда за „Организатори на 27 април“

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство

Редакција