еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

42-годишен маж од Делчево загина откако со возилото излетал од патот

42 годишен маж од Делчево загинал во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој со возилото кое го управувал излетал од патот.

„На 08.05.2024 година во 22.20 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. (42) од Делчево, излетало од коловозот.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.“, велат од МВР.

Сопатникот Д.Г. (33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП

Редакција

(Фото) Пет места што мора да ги посетите кога ќе одите во Крушево

Редакција

ОН: Луѓето од Западен Балкан губат 1,3 години живот поради загадување на воздухот

Редакција