еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

43-годишна жена починала додека била на преглед во ГОБ „8 Септември“

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека 43-годишна жена починала додека била на преглед во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

„На 18.10.2024 година, во 14.30 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од село Љуботен, скопско,“ велат од МВР.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За влез во Словенија повеќе не важат ПЦР тестовите од Македонија и регионот

Редакција

Гаши останува претседател на Собранието, за интерпелацијата гласаа само 21 пратеник

Редакција

Кој е Бранко Грегановиќ, идниот извршен директор на НЛБ Банка Скопје

Редакција