еМагазин
Image default
Македонија

48 нови случаи на Ковид-19 и двајца починати во Тиквешко за 24 часа

Наставник во основно училиште во Кавадарци е позитивен на коронавирусот. Во изолација се 13 ученици и еден наставник. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Последните 24 часа регистрирани се нови 48 случаи позитивни на Ковид-19 во Тиквешијата.

– Дваесет и три од Кавадарци, два од Росоман, 20 од Неготино и три од Демир Капија. Најмладиот новозаболен има 21 година, а најстариот е на 90-годишна возраст, рече Јовановски.

Тој додаде дека изминатото деноноќие починале две лица со коронавирусот од Тиквешијата. Едното од Неготино на возраст од 65 години, а другото од Демир Капија на 68-годишна возраст.

Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел да се изолираат.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрон: Гласањето на Договорот од Преспа е пример за храброст и единство на Европа

Редакција

(Видео) Командир на полициска станица пука со калашњиков на тераса, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Скандалот со државјанството на Онишченко е тежок удар и голема дамка, вели Османи

Редакција