еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Германскиот министер Рот: Блокадата на Бугарија ќе ја загрози безбедноста на западен Балкан и Европа

Пред почетокот на денешниот министерски состанок во Брисел, на кој требаше да се даде зелено светло за преговарачката рамка со Северна Македонија, претседавачот Михаил Рот порача дека бугарската блокада е „сериозна политичка грешка“.

-За жал не успеавме да постигнеме напредок за прашање кое е веќе договорено, а сето тоа поради билатерални барања на една земја членка, изјави германскиот министер за европски работи, Михаил Рот, коментирајќи го бугарското вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Поради бугарската блокада за Скопје во заложништво се наоѓа и Албанија за која голем број земји членки сметаат дека не може да биде усвоена преговарачката рамка, и поради неостварени реформи, и поради фактот што Северна Македонија е понапредна.

Рот потврди дека германското претседателство прави сѐ за да ја надмине блокадата.

-Сѐ друго би било сериозна политичка грешка на сметка на стабилноста и безбедноста на западниот Балкан, што на крајот би ја загрозило и безбедноста на цела Европа, изјави Рот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу нив и бугарски: Дваесет европратеници ја повикуваат ЕУ да започне преговори со Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Феноменален дочек на хероите кои со Рено 4 од Стојаково отпатуваа до Ница

Редакција

Клиниката за детска хирургија останува без еден од најдобрите хирурзи: Чадиковски од 1 февруари во „Жан Митрев“

Редакција

СЗО: Се очекува втор посмртоносен бран на коронавирус инфекции оваа есен

Редакција