еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

58-годишен маж загина во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Кичево

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Кичево, кај село Кладник вчера во 13:15 часот загина жител на Кичево.

Како што информира МВР, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во рамката ќе стои македонски јазик и тој станува официјален во ЕУ, тврди Османи

Редакција

Албанија забранува користење мобилни за учениците и наставниците за време на настава

Редакција

Досега попишани 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови

Редакција