еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Албанија забранува користење мобилни за учениците и наставниците за време на настава

Албанија забранува употреба на мобилни телефони за време на настава во основните и средните училишта и за учениците и за наставниот кадар.

-За елиминирање на масовната појава на употреба на мобилни телефони за време на наставата, Министерствата за образование и за финансии, потпишаа заедничка наредба, која има за цел забрана на користењето мобилни телефони на учениците од предуниверзитетското образование. Истото се однесува и за просветните работници, јавија медиумите.

Тоа значи дека, за разлика од претходната наредба, која речиси и не се почитуваше, овојпат забраната не е наменета само за учениците, туку и за самите наставници кои ќе работат внатре во училиштето.

Документот е потпишан од министрката за образование Евис Куши и за финансии Делина Ибрахимај.

– Институциите надлежни за предуниверзитетско образование и управите на училиштата да преземат мерки за спроведување на наредбата за забрана на употреба на мобилни телефони за време на наставниот процес.

Мерките за забрана за користење на мобилни телефони во текот на процесот на учење треба да се вметнат во интерната регулатива на предуниверзитетската образовна установа, стои во уредбата.

Во случај да не се почитува наредбата и да се користи мобилен телефон од страна на ученици или наставници во просториите на училиштето, управата на установата ќе го одземе мобилниот телефон, а ќе примени и дисциплински мерки.

Училиштата се задолжени со оваа мерка навреме да ги запознаат родителите на децата до средината на идниот месец, кога почнува новата учебна година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЕПСО склучи договор со “PD Comel“ вреден 3 милиони евра

Редакција

Пендаровски го осуди нападот на бугарскиот клуб, за Радев тоа е апсолутно неприфатлив чин на агресија

Редакција

МНР: Забрана за прелет на авионот на Лавров донесена согласно владината одлука за затворање на воздушниот простор за руски авиопревозници

Редакција