Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 17 јануари покажуваат дека кардиоваскуларна болест е најчесто претходно заболување кај заболените со Ковид-19 во Македонија.
“Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија
23,7% од заразените со Ковид-19 во Македонија немале симптоми
Фото: Кабинет на претседателот