Според последните податоци објавени вчера, во Македонија моментално има 398 активни случаи на заразени со коронавирусот.
“Според исходот од заболувањето, 398 лица (22,2%) се активни случаи, 1.293 случаи (72,2%) се водат како оздравени (226 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.
Од случаите кои се водат како оздравени, 240 (18,6%) биле хоспитализирани додека останатите 1.053 (81,4%) биле на домашно лекување“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, заклучно со податоци до 16. мај, а која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу активни случаи на Ковид-19 во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес
Пет лица од новозаразените со коронавирусот се со претходни заболувања
Двајца од новопочинатите од коронавирусот биле со претходни заболувања