еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пет лица од новозаразените со коронавирусот се со претходни заболувања

Според последните податоци, соопштени вчера, вкупниот број на заразени со коронавирусот во Македонија порасна за 30 лица.

“Тестирани се вкупно 426 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Регистрирани се 30 нови позитивни лица. Потврдените случаи се од 8 градови.

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 15 лица од женски и машки пол.

Регистрирани се четири хоспитализирани лица.

Кај пет лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 18 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“,стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

81,4% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Најмногу активни случаи на Ковид-19 во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес

Двајца од новопочинатите од коронавирусот биле со претходни заболувања

Фото: Факултет за ветеринарна медицина/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој прегази жена, која почина, не ја напуштил Македонија, Обвинителството ги демантира српските медиуми

Редакција

Можно е вештачење за случајот со Онкологија во една од соседните земји, не се знае кога ќе има обвинение

Редакција

Антонијо Милошоски на распит во СЈО за случајот „Моќник“

Редакција