еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Можно е вештачење за случајот со Онкологија во една од соседните земји, не се знае кога ќе има обвинение

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната седница на собраниската Комисија за случајот со Онкологија соопшти дека е можно во некоја од соседните земји да има вештачење за случајот. Тој потврди дека соработката со Косово и Албанија е се уште во рамки на размена на информации, но што ќе покаже таа соработка, засега е отворено прашање.

Според Јовески, неблагодарно е да се прогнозира кога ќе има конкретен обвинителен акт. Многу поважно е, нагласи, да се дојде до вистината, односно до релевантни податоци – кој што направил во конретното дело.

-Неблагодарно е да се прогнозира времето, побитно е да дојдеме до вистината, до докази, до обвинети лица и до сигурни, релевантни податоци кој што направил во конретното дело. Сложеноста на предметот налага дека ќе има повеќе вештачења.

Се уште нема одлука, има идеја тоа да се врши во една од соседните земји и воопшто Обвинителството никогаш тоа прашање не го поставувало, имавме вештачење и од германски експерти. Соработката со Косово и Албанија е се уште во рамки на размена на информации.

Ако Обвинителството презема такви дејства, јасна е неговата намера да го истражи случајот до крај – дали евентуално одредени лекови или медицински материјали завршувале надвор, како завршувале и на кој начин, да прибави соодветни докази од тие земји и во тој дел сега се остварува таа соработка.

Што ќе покаже соработката е отворено прашање, но ве уверувам дека Јавното обвинителство (ЈО) максимално се посветува на расчистување на сите овие прашања за кои денеска зборувавме со пратениците. Сите сме свесни за тежината на случајот и сите сакаме да се дојде вистината, тој што сторил да сноси одговорност, а најголема сатисфакција ќе биде да се врати довербата на луѓето што се борат за живот, рече Јовески.

Според него, Во однос на тоа кој се и дали ќе биде сослушан министерот за здравство, како и кога тоа ќе се случи, ќе проценат обвинителите кои го водат случајот.

-Сите граѓани пред Уставот се еднакви. За нас не е битно и одлучувачки кој каква функција извршува, туку колку може да ни помогне во обезбедување докази, подвлече обвинителот.

Тој напомена и дека ревизорскиот извештај, што е тема на седницата на Комисијата, е само еден од доказите за „Онкологија“.

Комисијата ќе ја продолжи седницата во понеделник.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Многу мостови низ Македонија опасни по безбедноста на граѓаните

Редакција

Влез од високо ризичните земји само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид

Редакција

Нови 947 случаи на Ковид-19 од тестирани 3.450, во Скопје 453

Редакција