84-годишниот Алексо Пецов од Штип, корона вирусот го победи како обична настинка. Пецов е неподвижен, но со свеж и бистар ум. За него се грижат неговите ќерки, кои короната му ја донесоа дома.
И покрај сите грижи за него поради возраста, од семејството велат дека тој короната ја поминал со температура од 37,5 и еден ден кашлица.
„Се чувствувам добро. Го преживеав и ова чудо. Повеќе се грижев за другите отколку за себе,“ вели Пецов за еМагазин.
Тестирањето на корона го направи мобилна екипа од Центарот за јавно здравје во Штип, кога и му беше откриен Ковид-19.
Инаку, Пецов е добро информиран за вирусот, секој ден ги следи вестите, и искрено жали за сите животи кои Ковид-19 ги покоси, посебно за младите.
Како дете бегалец од војната во Грција, сведок е и на светот во време на Ковид-19, но и го почувствува на своја кожа.
Фото: Photo by Markus Winkler on Unsplash