еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

95 години Скопје Зоо: Летно кино на отворено со проекција на филмот „Пинокио“

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски Парк на Школка ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина Скопје.

Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а првиот- кино на отворено ќе се одржи во недела со почеток во 20:30.

„Проекцијата на филмот е замислена како пикник, па секој треба да си понесе ќебенце. Ние ќе обезбедиме вода, сокови и кроасани за посетителите.

Филмот „Пинокио“ кој беше номиниран во две категории за Оскар е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адора со поддршка на младиот мото крос талент Антонио Дамјановски – македонската „Златна кацига“

Редакција

Убава вест: За 24 часа собрани средствата за лекување на малата Аника

Редакција

Joint Commission International: Граѓаните на Македонија треба да бидат горди на Клиника Жан Митрев

Редакција