еМагазин
Image default
Балкан

Захариева: Историска грешка е непочнувањето на преговори на Северна Македонија со ЕУ

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева смета дека одлуката за стопирање на планираниот почеток за претпристапни преговори на Македонија со Европската Унија е груба историска грешка.

– Бугарија кажа едно големо „да“ за започнување на преговорите, изјави Захариева, додавајќи дека Северна Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство со Унијата.

Таа изрази уверување дека нема кој да ја украде бугарската историја и оти тоа не треба никој да го загрижува.

Бугарската агенција БГНес која ја пренесува изјавата на Захариева, потсетува дека на последниот Самит во Брисел минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон ставил вето на почетокот на претпристапните преговори со Скопје и Тирана.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово

Редакција

(ФОТО) Загреб му ја исполни желбата на Балашевиќ

Редакција

Трифонов го нападна Петков оти сакал старт на преговори на Македонија со ЕУ до крајот на јуни, без гаранции за правата на Бугарите

Редакција