Во септември, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 1,0% и 0,6%, соодветно, како и годишен раст од 12,8% и 11,9%, соодветно, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Автомобилските кредити, овој месец, оствариле месечен пад од 1,4%, додека на годишно ниво се повисоки за 4,8%.
„Кредитите одобрени на кредитни картички бележат надолна месечна и годишна промена од 0,5% и 2,3%, соодветно, додека, негативните салда на тековните сметки оствариле месечно и годишно зголемување од 2,1% и 2,3%, соодветно. Кај кредитите одобрени врз други основи е евидентиран месечен раст од 1,0%, како и годишен пад од 8,2%“, соопшти Народната банка.