еМагазин
Image default
Македонија

Нема договор меѓу СОНК и Министерството за образование и наука, преговорите продолжуваат

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) денеска не постигнаа договор, но најавија дека до крајот на неделата повторно ќе се состанат.

По средбата, министерот Арбр Адеми изјави дека преговорите продолжуваат.

– За жал, денеска не се постигна конечен договор што значи дека преговорите ќе продолжат. Разгледани се повеќе опции, повеќе можности и алтернативи за кои ни треба дополнително време да ги разгледаме од наша страна. До крајот на неделата сигурно повторно ќе имаме работен состанок и мислам дека тоа што го постигнавме досега е за поздравување, изјави Адеми.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков посочи дека се спорни две точки – зголемувањето на платите да биде поголемо од десет проценти и да почне од 1 јануари следната година. Изрази уверување дека министерот и Владата ќе направат напори да излезат со предлог прифатлив за СОНК.

МОН останува на ставот платите да се зголемат за 10 проценти во април, но од СОНК не се согласуваат со ова и најавија генерален штрајк за 11 ноември доколку не се постигне договор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОНК не прифаќа зголемување на платите од 10 отсто, најави штрајк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиничка болница Тетово: Поплаки околу хоспитализиција, инфектолог одредува кој останува на лекување

Редакција

Чибишев нов директор на Токсикологија, а на Неврологија Меџити

Редакција

Нема опасност од поплавување на куќи во Зелениково и Велешко, состојбата треба да се следи, велат од ЦУК

Редакција