Приходите од капитализираното сопствено производство на Тетекс АД Тетово во првите девет месеци од годината изнесуваат 27.687 илјади денари, а останатите оперативни приходи изнесуваат 16.053 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Трошоците за суровини и материјали изнесуваат 67.509 илјади денари, додека трошоците за вработени се 61.598 илјади денари.
Во финансиските приходи се содржани приходи од дивиденди од ТТК банка АД Скопје во износ од 39.590 илјади денари и дивиденди од други правни лица од 324 илјади денари.
Заклучно со 30.09.2019 година добивката изнесува 42.923 илјади денари“, велат од компанијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.