Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Р.(23) од Охрид, информира МВР.
Тој, во својство на управител и сопственик на правното лице „АМЕРИКАНО ОНА ДООЕЛ“-Охрид“, без да поседува одобрение за поставување урбана опрема на јавна површина, пред својата пицерија на ул.„Бранко Шотра“ во Охрид, поставил урбана опрема, со што извршил узурпација на јавна површина.
Пријавениот не го почитувал решението на општинскиот комунален инспектор при општина Охрид за отстранување на урбаната опрема.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.