еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Малолетник и 33-годишна жена загинаа во сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани

Две лица загинале во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Крушево – Кривогаштани, на местото викано Студена вода, која во полиција била пријавена во 17 часот.

Како што информира Министерството за внатрешни работи во денешниот Билтен, загинале еден малолетник и 33-годишната Џ.С. од прилепското село Канатларци. Тие биле сопатници во патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од село Канатларци, кое излетало надвор од коловозот.

По несреќата, повредените Џ.С. и малолетниот сопатник биле пренесени во Општата болница Прилеп. Жената им подлегнала на повредите во прилепската болница, а малолетниот бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, но починал при транспортот, а смрт констатирал лекар.

Возачот С.С. и уште двајца малолетни сопатници во несреќата се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Крушево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што знаеме до сега за бегството на азилантот Груевски

Редакција

Повеќе малолетници од Грчец тепале еден во Сарај

Редакција

„Се очекува наскоро бугарскиот Парламент да изгласа резолуција дека Адам бил Бугарин, а Ева Бугарка“: Твитер реакции за кирилицата и Кирил и Методиј

Редакција