еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонско статус кво: Загадување, ЕУ интеграции, попис…

Македонските граѓани деновиве со право реагираат на енормното загадување на воздухот кое со заладувањето повторно стана главна тема на социјалните мрежи и воопшто во јавноста.

Не држат образложенијата на централната и на градската власт дека проблемот со загадувањето не може да се реши преку ноќ, кога тие веќе неколку години се на власт и за тој период не преземаа брзи и ефикасни мерки кои ќе го решат овој проблем.

Всушност, повеќе дадени ветувања на актуелната власт воопшто не се реализираа како што беше тоа за отварање на пристапните преговори со Европската Унија за што нашата земја го смени името во Северна Македонија.

Не се оствари ниту ветувањето за одржување на попис кој не е спроведен во државата од 2002 година, што ја прави нашата земја една од ретките во светот која нема попис цели 17 години.

Нема епилог ниту на случаите што ги покрена Специјалното јавно обвинителство (СЈО), ниту пак за случајот „Рекет“, кој се чини дека се повеќе се одолговлекува од непознати причини.

Наместо решенија за проблемите, сега повторно следуваат избори на кои на граѓаните повторно ќе им се ветува мед и млеко.

Крајно време е политичарите да сфатат дека трпението на граѓаните има граници и дека освен партиската машинерија, никој нормален веќе нема да излегува на избори за да го даде гласот на партии кои очигледно немаат капацитет да ги реализираат ветувањата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Гроздан и Пеџа од „Тренд“ отворија кафеана во Дебар Маало, „Шпајз“

Редакција

Викендов топло со пониски утрински температури и слаб ветер

Редакција

Обвинителство ќе го гони професорот од Струга, кој со железен боксирач удри ученик

Редакција