Синоќа, во Македонската филхармонија се случи премиерата на филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски.
На црвениот килим продефилираа многу препознатливи ликови од политичката и јавна сцена.
Салата во Филхармонија беше исполнета до последно место. По завршувањето на проекцијата, филмската екипа се поклони пред публиката, која на нозе со овации и френетичен аплауз ги поздрави.
По проекцијата, на коктелот присутните имаа шанса и лично да им честитаат на брилијатните уметници, кои го создадоа овој маестрален филм, како што веќе светската критика го оцени, по премиерата на Римскиот филмски фестивал.
Од синоќа филмот е на редовен репертоар во скопските кина Синеплекс и Милениум, а филмот се прикажува и во Битола, Штип, Охрид, Кичево, Струга.
Од 4 ноември почнува да се прикажува во Прилеп и Свети Николе, во Гевгелија од 9 ноември, Кочани и Македонска Каменица од 14 ноември, а во преговори се прикажувања на филмот и во останатите градови од земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) И Фатиме Фетаи на премиерата на филмот „Врба“ на Манчевски
фото: Борис Каески