еМагазин
Image default
Бизнис

„Благој Ѓорев“ во загуба од 12,5 милиони денари

Во периодoт јануари-септември, годинава „Благој Ѓорев“ АД Велес оствари загуба во износ од 12.535.000 денари додека во истиот период од претходната година имаше загуба во износ од 11.141.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„За девет месеци оваа година се остварени  вкупни приходи во износ од 412.955.000 денари што е за 11% повеќе во однос на лани за истиот период. Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Расходите за девет месеци   оваа година изнесуваат 312.678.000 денари и во однос на претходната година се зголемени за 20%“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канал 5 го доби тендерот на Државна лотарија за продукција и емитување на „Лото“ вреден 76.500 евра

Редакција

„Брако“ стартува со нова производствена програма: 450 тона метални конструкции годишно ќе се испорачуваат во Австрија

Редакција

Синдикатите на полицијата и образование протестираа за усогласување на платите со минималната плата

Редакција