еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Алкалоид“ инвестира 1,8 милиони евра во проширување на производните капацитети во Србија

„Алкалоид“ АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел на 21.10.2019 година изврши дополнително вложување во „Алкалоид“ ДОО Белград, друштво кое е 100% сопственост на „Алкалоид“ АД Скопје, по пат на зголемување на основачкиот влог, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Станува збор за инвестиција вредна 1.800.000 евра наменета за проширување на производните капацитети во производниот погон на „Алкалоид“ во Република Србија.

Со оваа инвестиција „Алкалоид“ АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во дирекцијата на „Скопски пазар“

Редакција

Новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Фетаху позитивен на Ковид-19

Редакција

Кај 29% од новозаразените со Ковид-19 регистрирани претходни заболувања

Редакција