еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Заев, Вучиќ и Рама од Охрид: Ќе изградиме поинаков Западен Балкан кој ќе биде фактор во Европа

Поминување на границите само со лична карта, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите се само дел од придобивките на декларацијата што во Охрид ја договорија премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тие денеска од Охрид ги повикаа и останатите држави од Западен Балкан да се приклучат кон оваа иницијатива и заеднички да изградат еден поинаков Западен Балкан кој ќе биде подобро место за живеење и значаен фактор во Европа.

„Акцискиот план предвидува 24 часовно седум дена во недела целосно работење на нашите граници, овозможува комплетно движење со лична карта на граѓаните од целиот овој регион, овозможува услови кои ќе значат брзи траки за камионите низ граничните премини, овозможува меѓусебно признавање на сите документи од делот на агенциите за храна и ветеринарство до сите други административни институции кои ги работат документите се со цел да даде поголема мобилност на стоките, капиталот и на услугите….“, изјави премиерот Заев на заедничката прес-конференција.

Разработен е и конкретен план како меѓусебно да се признаат дипломите за да можат странските и домашните инвеститори да имаат комплетна поширока понуда на квалификуван кадар од целиот регион.

„Сето ова ќе донесе многу попримамлив живот пред се за нашите граѓани, но ќе отвори и едно ново поглавје. Се надевам дека сите учесници во овој процес ќе ја прифатат оваа иницијатива затоа што таа носи добро за целиот Балкан, но и не факторизира пред западноевропските земји каде сакаме да се приклучиме“, рече Заев.

За српскиот претседател Вучиќ, ова е важна иницијатива и за граѓаните и за бизнис секторот. Инцијативата за регионална соработка, рече Вучиќ, не значи создавање на некаква југославија, туку тоа е процес со кој ќе се создаде подобар и поквалитетен живот во целиот Западен Балкан.

„Оваа иницијатива може некој ќе ни ја уништи и ќе пропадне, но таа дефинитивно носи подобар и покалитетен живот на нашите луѓе и компании. Горд сум на договорот што го направивме. Ова секако ќе биде иднина. Тука нема никакви југославии, тука има подобар живот за сите граѓани“, порача Вучиќ.

Албанскиот премиер Рама, за кого исто така нема ништо позначајно од слободното движење на луѓето, најави дека следната средба ќе се одржи во Драч на 21 ноември на која се очекува да присуствува и Жозеф Борел, наследникот на претставничката на Европската Унија, Фредерика Могерини.

МИА/Фото/Видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 890 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 784 болни од Ковид-19

Редакција

Да и помогнеме на Калина, девојка со посебни потреби за прошетки низ Скопје

Редакција