еМагазин
Image default
Македонија

В четврток средба Мицотакис-Заев

Работиме за да го искористиме временскиот период до повторното отворање на дискусијата во ЕУ за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, со цел во соработка со сите лидери на земјите од Западен Балкан да постигнеме најдобар можен резултат на следната средба, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на тоа кои ќе бидат темите и пораките на претстојната средба на премиерите Зоран Заев и Кирјакос Мицотакис в четврток во Солун.

– На нашите средби, без разлика дали се средби во Грција со лидери на земјите од Западен Балкан или во Европа, ние секогаш се стремиме да инсистираме на нашата основна политика, дека европска перспектива на Западен Балкан е во корист и на Европа и на западнобалканските земји.

Со оглед на тоа дека на Европскиот совет на 17 и 18 октомври во текстот со заклучоците го имавме фактот оти дискусијата одново ќе се отвори во следните месеци, ние работиме за да го искористиме овој временски период во соработка со сите лидери на сите земји од Западен Балкан за да постигнеме најдобар можен резултат на следната средба, рече Пецас.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство ја прекинува соработката со Антикорупциска поради „шемата“ која ја обелодени за неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Редакција

Пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска позитивна на коронавирусот

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ќе предложи Декларација за Гоце Делчев

Редакција