еМагазин
Image default
Бизнис

Господинов: Третина од земјава вон даночна контрола, време е да се изброиме

Рамниот данок моментно е подобар за економски раст, а за воведување прогресивен прво треба да се преброиме. Се уште имаме слон во просторијата – третина територија од земјава е релативно вон даночна контрола. Се плаќаат многу малку даноци. Затоа, прво треба да се изброиме и да видиме колку даноци навистина државата може и треба да собира, а потоа да се навратиме на ова прашање и да видиме, дали ни е потребен дополнителен данок на прогресивен или друг начин, изјави денеска Илија Господинов,  управител на компанијата „Ендава“ и заменик-претседател на Управниот одбор на Стопанската комора за информатички и комјутерски технологии (МАСИТ).

Одговорајќи на новинарски прашања по работилницата „Како да се зголемат инвестициите во земјата со цел да се стимулира одржлив еконмски раст”, Господинов напомена дека прогресивното оданочување воопшто не го даде очекуваниот ефект. Не резултираше со плаќање поголем данок од страна на вработените кои добиваат поголеми плати, туку со плаќање на разликата од страна на фирмите.

Според Господинов, ако сакаме да имаме раст, особено во индустриите што се модерни, високо платени и кои може да помогнат младите да не си одат од земајава, приоритет треба да имаат образованието и регулаторните рамки.

„Нашата комора и пред една година беше многу гласно против воведувањето на прогресивниот данок зашто го перципиравме како чисто политичка мерка, како мерка контра растењето на бизнисот, како мерка која им покажува на младите луѓе, посебно на најплатените инженери, дека државата не стои зад нив и конечно, како мерка која воопшто не резултираше со плаќање поголем данок од страна на вработените кои добиваат поголеми плати, туку со плаќање на разликата од страна на фирмите. Ние сме сектор кој е високо компетитивен и кој не може да си дозволи да имаме одлив на кадар што ваквиот данок можеше да го предизвика“, објасни Господинов.

За поздрав е, дополни, тоа што инсистирањето на МАСИТ за реанализа на прогресивниот данок резултира со негово ставање во мирување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораст на бројот на претплатници на мобилна телефонија

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Флекс повер“ вреден 1,5 милион евра

Редакција

Пропадна владината еврообврзница од 600 милиони евра

Редакција