еМагазин
Image default
Бизнис

Реџепи: Гасоводот ќе се гради на Водно, но со неколку измени на трасата

Владата одлучи гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар, што е предвидено да заврши до Охрид, да продолжи да се гради по истата рута, но со неколку измени и мерки, најави директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи во интервју за МИА.

– Се предвидува да се намали ширината на работниот појас од 25 на 10 метри и да се измени трасата на самиот врв на Водно каде е високостеблестата шума. Новопредложената траса ќе биде покрај една постоечка патека и постоечки пат, само се предвидува да се прошири од лева и десна страна по неколку метри и со тоа уште повеќе ќе се избегне сечењето на шумата на Водно, која според анализите на јавното претпријатие Паркови и зеленило Скопје изнесува околу 1.400 метри кубни сеча на дрва, вели Реџепи за МИА.

Измените на трасата, додава, се направени после преговорите со граѓанските организации кои се противат на изградба на гасоводот низ парк шумата Водно, а Владата одлучи неколкукратно да ја компензира исечената шума со пошумување на овој предел и да се врати во првобитна состојба за неколку месеци.

– Трасата од оваа делница се гради на јужната страна на Водно, која во поголемиот дел не е пошумена. Од Сопиште оди кон врвот на Водно, цело време по јужната страна, и се спушта кон Матка. Придобивките ќе бидат повеќекратни. Ќе се пошумува многу поголема површина отколку што ќе се сече, ќе биде многу убава и рамна патека што ќе се користи за пешачење, а појасот што ќе се направи ќе служи и како препрека во случај на пожари – потенцира Реџепи.

МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Град Скопје молчи за изградбата на гасоводот и одлуката по ова прашање не ја соопштува јавно

Граѓанските активисти остануваат цврсто на ставот ПРОТИВ уништување на Водно

(Фото) Анѓушев на Водно лично се уверуваше каква шума ќе биде уништена за трасата на гасоводот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Царовска и Жбогар на закројување на лозје во „Попова Кула“ во Демир Капија

Редакција

УЈП ќе има пристап до приливите на банкарските сметки на граѓаните

Редакција

Томислав Димовски предложен за член на Надзорниот одбор на „Реплек“

Редакција