еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина Благоја Јордановски еден од првите народни учители и еден од основачите на детскиот фестивал „Златно славејче“

Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден највредните и најпознатите активисти околу детското згрижување и напредување во нашата земја.

Јордановски е роден на 25.02.1930 година во Штип. Припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во „Никола Карев”. Беше директор на пионерскиот дом „Карпош” и секретар на Градскиот сојуз за грижи и воспитување на децата од Скопје, како и учител и директор на децата прогонети од Егејска Македонија во градот Бела Црква, Војводина.

Тој е еден од основачите на детскиот фестивал „Златно Славејче“. Добитник е на наградата 13 Ноември за заслужен граѓанин за учество во тимот за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година како и други позначајни награди.

Погребот ќе се одржи на 16.11.2019 година на гратските гробишта во Бутел, со почеток во капела во 12:30 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот дожд, грмежи и ветер

Редакција

Божиќен расказ за Христовото раѓање: Смислата на празникот е спротивно на се што правиме

Редакција

Почина Зоран Василевски Фаци по долгата борба со ракот

Редакција