еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Божиќен расказ за Христовото раѓање: Смислата на празникот е спротивно на се што правиме

Ми раскажуваше божиќната ѕвезда, дека најмногу го сака ова годишно време, кога се приближува денот на Христовото Раѓање.

Ѕвездата кажува:

Во целиот свет се слави. Градовите се украсени, накитени. Луѓето купуваат разни подароци. На радио, телевизија и во весниците, секој ден се најавуваат божиќни распродажби и големи попусти. Само што си помислив дека ќе се сетат на Бога, кога слушам, дека во некои западни земји повеќе и не зборуваат за Божиќ, туку само за дарување – ден за давање на подароци. Така тие го нарекуваат празникот на Рождеството Христово.

А тука кај вас, пазарите постанаа вистински мали дабови шуми. На сите страни бадникови гранчиња, па си помислив дека на некои им е поважен денот Бадник од самиот Божиќ. Но сепак, многу е убаво што луѓето барем еден ден во годината мислат на Бога.

Верував дека ќе купат бадникови гранчиња и подароци за да го прослават Божјиот Роденден со семејството, а тие мислат само на обичаите.

Изгледа дека светот заборавил зошто воопшто и се слави Божиќ. Го горат бадниковото гранче или го чуваат како украс, подготвуваат посна вечера, затоа што таков е обичајот (а тоа е всушност последниот ден од Божиќниот пост), ги помешале источните и западните обичаи, а во црква на богослужба само малкумина одат, ниту пак знаат дека бадниковото гранче е символ на Христовото Раѓање.

На Раѓањето на Богомладенецот малкумина помислуваат…

Гледав и некои од многубројните прослави. Ѕирнав низ прозорците од градинките, училиштата, претпријатијата, а таму – маси полни со секакви јадења, сѐ е убаво украсено. Многу подароци, божиќни пакетчиња, гласна музика, а ниту една единствена духовна песна. Возрасните и децата јадат и пијат, и всушност, за нив е тоа прославување на Божиќ. Но, за жал, сите тие заборавиле на Бога, дека всушност Го славиме Раѓањето на нашиот Господ Исус Христос.

Тоа е како, на пример, оној кој го прославува роденденот да го остават пред затворена врата. Замислете си, како вие би се чувствувале, да поканите гости за својот роденден, а гостите да ве исфрлат од домот, да ве остават надвор и на вас потполно да заборават?

За жал, секоја година е сѐ полошо. Луѓето мислат само на храната, подароците и на славењето, а на Бога малкумина се сеќаваат. Не е Божиќ заради бадниковите гранчиња, туку бадниковите гранчиња се заради Божиќ!

Точно на полноќ, сите наздравуваат, се прегрнуваат и целиваат, честитајќи си го едни на други празникот, а на Богомладенецот, заради чие Рождество се собрале, потполно заборавиле. Едните на други си подаруваат подароци, а за Богомладенецот Христос нема ништо. Ниту еден единствен, мал подарок.

Како би се чувствувале вие, кога на вашиот роденден, гостите меѓу себе би си подарувале подароци, а на вас не би ви подариле ништо?

А што, всушност, сака Господ да Му подарат луѓето за Неговиот роденден?

Сака да Го примат во своето срце. Да разберат дека Он заради нив дошол на овој свет и дека од голема љубов се жртвувал за спасение на сите. Затоа што Он луѓето неизмерно ги љуби и никогаш не ги остава.

Верата и љубовта кон Бога и ближните се најголемиот дар со кој можеме да Го даруваме Господа – Дарителот на сите добра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Значењето на Бадник: Првите гласници на празникот се децата коледари, известувачи за Божиќ

Во пресрет на празниците: Поучен божиќен расказ за помош на сиромашните

Извор: Фејсбук/Манастир Св. Гаврил Лесновски/фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката Мизрахи: Таблата поставена во Министерството е наследена, не постои стара и нова

Редакција

Захариева на Бучковски му предложила акционен план за спроведување на Договорот со Бугарија

Редакција

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Редакција