еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Почина актуелниот македонскиот амбасадор во Германија, Рамадан Назифи.

Информацијата на Фејсбук ја соопшти министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

“Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен амбасадор на С Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат.

Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството.

Упатувам сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството.

Нека почива во мир!“, напиша Османи.

Фото: Османи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовчанец насилно однесен на нотар од невенчената сопруга за да и го препише имот и да го смести во дом

Редакција

Бугаринот кој нудеше 200 евра за идентитетот на македонски полицаец го избриша постот

Редакција

Звучни имиња на бизнисмени и фирми на новата листа должници на УЈП

Редакција