еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Мартин Вучиќ за СБС на македонски јазик: Во тек е иницијатива за преименување на Танец

Директорот на Танец, Мартин Вучиќ во гостувањето во радиото СБС на македонски јазик рече дека во тек е иницијатива за преименување на Танец од Национална институција на народни игри и песни на Северна Македонија во Национален ансамбл за македонски народни игри и песни.

„Иницирам да се додаде придавка Национален ансамбл за македонски народни игри и песни. Тоа е нешто што не се случува преку ноќ и е административна работа која трае малку подолго. На нам Македонците што живееме во Македонија ни е многу потешко од вас. Ние секојдневно се носиме со тоа“, одговори Вучиќ на забелешката на новинарката дали можело да се најде покреативен начин од една страна да се задоволат обврските кои ги наметнува Преспанскиот договор, а од друга страна да се сочува она за што е формирана оваа институција, промоција на македонскиот фолклор.

Танец се на турнеја низ Австралија. Требаше да одржат концерти во три града, но се соочуваат со бојкот од страна на иселениците кои живеат таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мартин Вучиќ за СБС на македонски јазик во Австралија: Кого бојкотираат Македонците, самите себе?

Негативна кампања и опструкција на закажаните концерти: Македонците во Австралија го бојкотираат Танец

Фото: Танец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Св.Климeнт Охридски: Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ – затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител

Редакција

(ВИДЕО) 11 години без Тоше: Топ 5 песни по кои вечно ќе го паметиме

Редакција

Питу Гули на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст: Кој е приватно еден од најголемите македонски револуционери

Редакција