еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Од денес во Јавна соба изложба „Иновативен фински дизајн“

Денес, среда (20.11.2019) со почеток во 19:00 часот од страна на Амбасадорот на Финска, Кимо Лахдевирта ќе биде отворена изложбата “Иновативен фински дизајн” во Јавна Соба.

Оваа изложба се состои од панели на кои е прикажан креативен пристап во решавањето на сложени технолошки проблеми, од дизајн на инфомрациски и комуникациски технологии, бродоградба, дизајн во здравството, па се до иновации во индустријата за мебел.

Автор на изложбата е Јарно Пелтонен, поранешен директор на Музејот за дизајн во Хелсинки.

Изложбата “Иновативен фински дизајн” на која може да се погледнат овие проекти, а и да се научат некои интересни факти за Финска, ќе биде отворена за посетители се до 1. декември, односно до завршувањето на Skopje Design Week.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донации и награди за вработените за Денот на рударите од Рудник САСА

Редакција

Сликарската династија Стадим со изложба во НЛБ Галерија

Редакција

(Фото) Суптилна заводливост и колоритот на Африка – модна ревија на Lisca за пролет/лето 2020

Редакција