еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Новите жители на Скопје ЗОО се лавицата Акети и четирите бебиња ему птици

Лавицата Акети од зоолошката во Берлин е нов жител во скопската градина. 12-годишната лавица пристигна во Скопје пред шест денови и веќе се прилагодува на животот во Скопје ЗОО.

За неколку месеци друштво ќе и прави и лавот кој треба да пристигне од Софија.

Лавицата ја добивме благодарение на соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА), информираат од Скопје ЗОО.

Акети одлично се прилагодила на новото живеалиште и на нејзините зоо негуватели.

Во Скопје пристигнаа и четири ему птици бебиња- Теди, Ким, Бланка и Вили.

„Бебињата се многу љубопитни и весели, па постојано сакаат да си играат со своите зоо негуватели“, велат од Скопје ЗОО.

Ему птицата потекнува од Австралија и е втора птица по големина во светот, веднаш по нојот.

Четирите ему ќе живеат во живеалиштето на кенгурите или реон во зоолошката, познат како „Австралија“. Целиот овој простор наскоро ќе биде реновиран и изграден во Аборџински стил со помош на донаторот „Подравка“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преку седумдесет министри и гувернери на состанокот на Холандско-белгиската конституенца, кој се одржува во Скопје

Редакција

НЛБ банка со две промотивни кампањи и промена на каматните стапки на денарските депозити за физички лица

Редакција

(Фото) „Бикини Мун“ на Манчевски имаше кино-премиера во Њујорк

Редакција