еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против двајца изнудувачи од Скопје: Се заканувале на мајка и син

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) и К.Г.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, информира МВР.

Од октомври 2019, во повеќе наврати, пријавените упатувале закани кон С.М.(46) од Скопје и нејзиниот син поради парични средства во износ од 80.000 евра, кои во повеќе наврати со високи камати ги давале на синот на С.М..

На 14.11.2019, пријавениот М.Ј. телефонски ја побарал С.М. и со закана од неа побарал да даде дел од долгот. Таа со него се договорила да му даде 60.000 денари, а веќе наредниот ден случајот го пријавила во СВР Скопје. Истиот ден М.Ј. бил приведен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во фабрика во Хром

Редакција

Беровчанец преку Инстаграм и праќал непристојна содржина на малолетничка

Редакција

42-годишен прилепчанец пронајден мртов во парк

Редакција