еМагазин
Image default
Македонија

Средниот век, Османлиската империја и Гоце Делчев теми на деветтата средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија

Средниот век, Османлиската империја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев се темите за кои ќе разговараат членовите на Заедничката комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија на деветтата средба, која ќе се одржи денеска и утре во Софија.

Средбата е продолжение на претходната, која се одржа во Охрид и на која се дискутираше по забелешките за учебниците по историја и усогласување на препораки како да се подобрат истите, како и за евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.

На првиот работен ден, како што информираа од Комисијата, предвидено е да се продолжи со дискусијата за учебниците по историја за седмо одделение според македонскиот образовен систем и шести клас според бугарскиот образовен систем, односно историјата на средниот век и Османлиската империја.

На вториот ден од средбата предвидено е членовите на комисијата да дискутираат за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев.

Оваа средба е шеста и последна средба за оваа година. До сега, Заедничката комисија има одржано осум средби и препорачано на владите на двете држави заеднички чествувања на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска се сеќаваме и на 2.313 деца кои беа депортирани: Комеморација за 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Редакција

Нови 54 случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 908 лица

Редакција

За 24 часа регистрирани 437 граѓани кои не носеле маски

Редакција