еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Стравот беше присутен цело време, но знаевме дека Алеа е во сигурни раце

Малата Алеа си заминува дома по десетина дена поминати во Клиниката „Жан Митрев“. Рацете на докторите од педијатрискиот оддел ја предадоа во рацете на родителите. Разбирливо, тие со нетрпение чекаа да си ја однесат дома.

Алеа е борец, голем борец, кој уште во првите денови од своето раѓање ја започна битката која за неа значеше живот.

Таа е една од многуте новороденчиња на коишто уште при раѓањето им е констатирана срцева маана по што веднаш е контактирана нашата клиника за превземање на случајот.

Така се случи и со Алеа која е родена со вродена срцева маана Тетралогија на Фало. Се работи за второ дете од втора по ред редовно контролирана бременост, родено во 33 гестациска недела, со царски рез.

Првата хоспитализација е реализирана на возраст од 2 месеци, префрлена беше од Клиника за гинекологија и акушерство во нашата П.З.У Клиничка болница „Жан Митрев“.

На 19.11.2019, после соодветна подготовка, доктор Жан Митрев со својот искусен тим ја направи операцијата. Конкретно беше направена тотална корекција со проширување на левата пулмонална гранка на левата пулмонална артерија со трансануларен перикарден пач со монокусписна валвула со Матрикс, затворање на вентрикуларен септален дефект со перикарден пач.

Во тек на вториот ден доенчето веќе беше со стабилни витални пареметри и е исклучена инотропната подршка. Третиот ден е отпочнто со постапно мобилизирање на детенцето по што заздравувањето оди побрзо по нагорна линија.

Забележан е уреден синусен ритам, исклучена е срцевата подршка од пејсмејкерот, а раните уредно и брзо зараснуваат.  Петтиот ден од престојот префрлена е на одделение. Редовно е контролирана Ехосонографски со постепено подобрување на ехосонографскиот наод. Понатамошниот постоперативен тек тече уредно.

Овој мал пациент, а голем борец се отпушта дома во добра општа состојба. Родителите не ги штедеа зборовите во насока на благодарност кон целиот систем кој функционира и значи живот за децата кои се раѓаат со срцеви маани.

„Пред се благодариме на доктор Жан Митрев и неговиот тим каде што го доверивме животот на нашето дете. Благодариме и на Клиниката за гинекологија од каде навремено не упатија во клиничката болница „Жан Митрев“ каде што успешно се извршуваат овие операции на бебињата.

Нормално, стравот беше присутен цело време кај нас, но сепак кога ви се нуди решение во една ваква болница сето тоа поминува полесно. Знаевме дека Алеа е во сигурни раце. Благодарност до целиот тим кој и нас како родители постојано не опсипуваше со внимание, информирање и храброст“, изјави мајката на малата Алеа пред напуштање на педијатриското одделение на нашата клиника.

Од Клината „Жан Митрев“ на Алеа и посакаа успешно целосно заздравување,  среќно детство и многу здравје.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичка „Кланица со ладилник„ со добивка во третиот квартал

Редакција

Доктор Беќаровски: Врие од лажни сертификати

Редакција

Владата го достави до Собранието дополнувањето на „францускиот предлог“

Редакција