На 27.11.2019 околу 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Градско, на околу 2 км. пред патарина „Стоби“, настанал пожар во патничко возило во движење, „волво“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.М.(65) од Р.Бугарија, информира МВР.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес пожарот бил локализиран. Увид извршила екипа од СВР Велес.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.