Angels cafe, едно од најубавите кафулиња во Македонија, ако не и најубавото, кое се наоѓа во Штип, собира се поголем број на гости од државата и регионот. Екипата на „еМагазин“ имаше можност да се увери во тоа за викендот, каде што преку ден, се бараше маса повеќе.
Амбиентот внатре топол, а секој се чувствува добредојдено. Модерно уреден простор со дизајнерски печат, а и веднаш може да се забележи дека овде се вложени многу пари. Angels cafe објави дека за реновирање се потрошени неверојатни за наши услови, но и пошироко, 578.690 евра.
А еве и други интересни факти:
1. За овие три месеци во Аngels cafe се потрошени 436 кg. кафе, или вкупно 48.905 кафиња, со што Angels cafe е најголемиот потошувач на Buondi кафе во Македонија.
2. Испиени се 9.436 коктели.
3. Само во еден ден продадени се 78 Мai Tai коктели.
4. Најпродаваниот коктел е Мохито- 1.526.
5. Исцедени се 6.095 сокови.
6. Подготвени се 2.642 топли чоколади, од кои само во еден ден – 72.
7. За вас се грижат 26 прекрасни млади луѓе секојдневно.
9. Гостите се на возраст од 2 месеци до 83 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Виртуелна прошетка низ „Енџелс кафе“ во Штип