Заклучно со септември 2019 година, во консолидираниот биланс на успех е искажана консолидирана нето добивка во вкупен износ од 14.744.703 денари, информираат преку Македонската берза од Бетон АД Скопје.
Остварените консолидирани вкупни приходи, заклучно со 30.09.2019 година изнесуваат 917.832.133 денари.
Kонсолидираните вкупни расходи, во период јануари – септември изнесуваат 903.087.430 денари.
Консолидираните извештаи, покрај работењето на матичното друштво ДГ Бетон АД Скопје, го вклучуваат и работењето на друштвата за експлоатација на минерални суровини и тоа: Бетон-Про ДОО Скопје, Бетон-Каменолом ДОО Скопје, Бетон-Рудник ДОО Скопје, како и друштвото за хотелиерство, туризам и услуги Бетон – Хотели дооел Скопје“, информираат од компанијата.