еМагазин
Image default
Бизнис

Грција стана трет најголем трговски партнер на Македонија

Во периодот јануари – октомври 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија, соопшти Државниот завод за статистика.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 5,3 милијарди евра и бележи пораст од 10.8 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6,9 милијарди евра, што е за 9.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува  1,5 милијарди евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КПУ Идризово склучи договор со Фодулмак вреден 725 илјади евра

Редакција

Автопатот Кичево-Охрид, кој се гради над 10 години, треба да биде завршен до крајот на 2026

Редакција

БИМ АД Свети Николе оствари добивка од 7,6 милиони денари за шест месеци

Редакција