еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Проверете си ги сметките, започна повратот на ДДВ од скенираните фискални сметки

Исплатата на повратот на ДДВ од скенираните сметки започна денеска и ќе се извршува непречено во претстојните денови, се додека не се исплатат сите граѓани кои оствариле право на поврат во првото тримесечје, во износ од околу 3 милиони евра, рече на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Како што посочи Ангеловска денеска се исплатени сите налози кои пристигнале од УЈП за поврат на ДДВ и дека на сметките на 16.600 граѓани ќе легнат околу 21 милион денари.

-Апелирам до сите граѓани да ги проверат транскациските сметки кои ги внеле за поврат на ДДВ, бидејќи и претстојните денови ќе продолжи повратот на ДДВ. Над 180.000 граѓани секој месец во просек скенираат фискални сметки и за овие 5 месеци скенирани се над 40 милиони фискални сметки, односно околу 8 милиони сметки месечно, рече Ангеловска.

Таа посочи дека просечната старост на лица кои скенираат фискални сметки е од 42-44 години.

Најмногу сметки се секинирале во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош, како и во Битола и во Штип.

Ангеловска најави и дека од 15 декември започнува МојДДВ #МојаНаграда и дека ова ќе биде уште еден мотив плус за граѓаните да ги скенираат фискалните сметки и со тоа да придонесат во борбата против сивата економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Максималната казна за прекршок на граѓаните се намалува од 1.000 на 250 евра, за нерегистрирано возило од 500 на 250 евра

Редакција

Цените лани се зголемиле за 3,2 проценти, притисоците за нивен раст продолжуваат велат од Народна банка

Редакција

Во август бројот на домашни туристи се зголемил само за 8,9%

Редакција