еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Информирај се паметно“ – едукативна кампања со информации за пензискиот систем

Правилното и навремено информирање на сегашните, но и идните пензиски осигуреници за функционирањето на пензискиот систем и работењето на пензиските фондови е главниот фокус на информативно-едукативната кампања „Информирај се паметно“ што ја спроведуваат трите пензиски друштва Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Кампањата, која официјално почнува од денеска, има за цел да го подигне нивото на информираност кај граѓаните за функционирањето на реформираниот пензиски систем и работата на трите пензиските друштва, но и да ги разјасни евентуалните дилеми на граѓаните поврзани со пензискиот систем.

Притоа, акцентот на оваа кампања се става на едуцирањето на младите кои се пред влез во задолжителното социјално осигурување веднаш по своето прво вработување.

Според законската регулатива, oсигурениците кои првпат пристапуваат во задолжително пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и на датумот на пристапувањето се помлади од 40 години, должни се да се зачленат и да плаќаат придонеси во задолжителен пензиски фонд (втор столб) по сопствен избор.

Кај овие нововработени, кои ќе бидат членовите на задолжителниот пензиски фонд (вториот столб) од вкупно 18,4% од придонесот за пензиско осигурување од бруто-платата, 12,4% се уплатуваат во Фондот за ПИОСМ, а 6% се уплатуваат во задолжителниот пензиски фонд од вториот столб, на индивидуалната пензиска сметка на осигуреникот.

Тие и сите други граѓани го имаат на располагање и третиот столб, доброволното пензиско осигурување, каде средствата може да се уплатуваат индивидуално или пак ги уплатува работодавецот на пензиската сметка на членот, со цел да се акумулира дополнителна пензија.

Сите информации поврзани со функционирањето на пензискиот систем, членството во пензиските фондови и со остварените резултати на пензиските друштва може да се најдат на интернет-страницата www.penzija.mk.

Извор на податоци и Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзите тестови дома не се регистрираат – бројките на заразени од Ковид-19 од ИЈЗ не се реални, вели инфектологот Цана

Редакција

(ВИДЕО) Мукаетов: Пандемијата со Ковид-19 ни даде време за семејството

Редакција

Починато лице пронајдено покрај возило на автопатот Велес-Скопје после наплатната рампа Отовица, сообраќајот по една лента

Редакција