еМагазин
Image default
Бизнис

Над 4.500 граѓани и фирми на листата должници на УЈП: Вкупниот долг 163 милиони евра

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.08.2019 и неплатени до 30.11.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата објавени се 2.006 должници – правни лица и 2.527 физички лица.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.039.498.849 денари или околу 163 милиони евра. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.879.654.735 денари), додека долгот за царински давачки е 159.844.114 денари.

Целата листа должници ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tоп пет најголеми должници на листата на УЈП: ТЕ-ТО убедливо на врвот

Јавни претпријатија должат милиони неплатен данок кон УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маратонска расправа во Собранието за договорот меѓу Владата и „Макпетрол“: Виси судбината на гасоводот

Редакција

Министерството за одбрана на привремени вработувања ќе потроши 195.000 евра

Редакција

Осигурениците во првите три месеци вложиле над 40 милиони евра, осигурителниот пазар порасна за 10%

Редакција