еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Колку сериозно ќе влијаат новите аудио снимки на епилогот за “Рекет“?

Додека Јавното обвинителство истражува кој на канал на Јутјуб објави аудио снимки на кои наводно се слуша гласот на сведок во случајот „Рекет“, веднаш по неговото сведочење, на истиот канал осамнаа дури нови девет снимки со истиот глас, кои очигледно имаат за цел да го дискредитираат клучниот сведок.

Тоа што Обвинителството го истражува случајот не го исплаши „објавувачот“ и нема да биде никакво изненадување ако бидат објавени и нови аудио снимки, за кои експертите велат дека не се направени со прислушување на телефонски разговори, туку дека можеби се снимани од соговорник или соговорници на сведокот.

Од Обвинителството се уште немаат дадено одговор кој на медиумите им го испрати записникот од исказот на истиот сведок, додека случајот “Рекет“ се уште беше во фаза на истрага, па јавноста дозна клучни детали уште пред да почне судењето и да биде покренато обвинение.

Јавноста не само што цело време слуша аудио снимки поврзани директно или индиректно со случајот „Рекет“, туку имаше прилика и да види видео материјал поврзан со случајот, кој беше објавен од страна на италијанскиот весник „Ла верита“, во кој се појавуваат обвинетите Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, како и сведокот, бизнисменот Орце Камчев.

За тоа како овие видео и аудио материјали завршија во „Ла верита“ исто така се уште нема одговор.

И додека јавноста се „забавува“ со „сочните“ муабети од аудио снимките, а Обвинителството истражува кој стои позади нив, клучното прашање е колку овие работи ќе имаат влијание врз крајниот епилог на „Рекет“.

Новите аудио снимки не завршија на Јутјуб случајно. Тие се објавени со конкретна цел и во темпирано време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли нови аудио снимки: “Бомби“ пука кој ќе стигне

(Аудио) Нова „тура“ снимки за „Рекет“: „Куферот со пари не е кај Заев“

Дали во нив е гласот на Камчев: Обвинителство отвори предмет за новите аудио-снимки

(Аудио) Нови аудио-снимки на „Јутјуб“: Со Сашо Мијалков расчистив се, нема да дозволам да ми го газат достоинството

Фото: Ла верита

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Израел го бомбардираше и јужниот дел на Газа, каде претходно натера да се евакуираат 1,1 милион Палестинци, има загинати

Редакција

(Фото) Цела опрема за стан фрлена во Охридско Езеро: И делови од правосмукалка и перална пронајдени на дното

Редакција

Каков имот пријавил Кренар Лога, новиот министер за правда

Редакција