еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Ретка снимка од пренесување на моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија

Еден од од најголемите македонски визионери, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење Гоце Делчев пред 118 години на 4 мај 1903 година беше убиен во селото Баница.

По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе.

Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан.

Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.

Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката: „Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија“, ги презела Илинденската организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нема дилема: Гоце Делчев е македонски народен херој

(Фото) 118 години од смртта на Гоце Делчев: На која жена и го подарил срцето

Бугарскиот амбасадор положи венец на гробот на „бугарскиот“ револуционер Гоце Делчев

Фото: Влада/видео: mungos80/You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, ќе им ги скршиме рацете и нозете, вели државниот секретар Азири

Редакција

Еуровиа, која лани била најголем донатор на ДУИ го добила милионскиот тендер на МНР оти имала најниска понуда

Редакција

Камчев за еден месеци, два пати позитивен на Ковид-19: Oдложено рочиштето за „Плацови на Водно“

Редакција