еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Камчев за еден месеци, два пати позитивен на Ковид-19: Oдложено рочиштето за „Плацови на Водно“

Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацови на Водно” по втор пат од кога е почнато судењето за овој судски процес е позитивен на Ковид-19. Од оваа причина се одложи и денешното рочиште каде беше предвидено сослушување на повеќе сведоци.

Последното рочиште кога обвинетиот Камчев отсуствуваше поради изолација од Ковид-19 беше на 28 јануари.

Случајот за овој предмет го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението за овој случај, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешениот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

76 лица приведени поради непочитување на полицискиот час

Редакција

Пролет во февруари: Сончево и натпросечно топло, температури до 22 степена

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 66 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција