Собранието на акционери на Стопанска банка Битола на денешната седница ја именува Гордана Темелковска Костовска за член на Надзорниот одбор на банката.
Банката преку Македонската берза соопшти дека на именуваниот член на Надзорниот одбор ќе му се исплаќа месечен надомест од 50.000 денари.
Како што веќе пишуваше еМагазин, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и транспортната компанија „Руле турс“ неодамна преку Македонската берза соопштија дека ја номинираат Гордана Темелковска Костовска за член на Надзорниот одбор на Стопнска банка Битола.
Самсоненко поседува 19.500 акции од банката односно 4,98 отсто од вкупниот број акции, а „Руле турс“ поседува 15.966 акции односно 4,08 отсто од сопственоста во банката.
Во дописот до берзата тие објаснија дека го користат нивното право како акционери согласно Законот за трговски друштва да номинираат свој кандидат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Тепачка“ кој да стане член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола