еМагазин
Image default
Локално

Момче почина од пожар во Тетово

Почина 24-годишниот А.С., кој се здобил со тешки изгореници на телото од пожарот што го зафати вчера неговиот стан во Тетово, пренесува Алсат М.

Од вчера до денес, момчето било на респираторниот апарат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега. И покрај третманот, лекарите велат дека длабочината на изгорениците нанесело штета на многу негови витални органи.

Вчера, пожарот го опфатил станот на улицата „Димо Гавровски“ во Тетово каде што живеел сега починатиот А.С., додека дванаесет други жители на зградата се здобиле со полесни повреди како резултат на пожарот и биле лекувани во тетовската клиничка болница, пренесува телевизијата Алсат М.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убиен скопјанецот Камер Идризи, а негов роднина се бори за живот на Клиника по синоќешното пукање во Бутел

Редакција

Маж во Демир Капија го уби соседот, па се самоубил

Редакција

Трагедија: Со возило на Комунална хигиена прегазил колега при собирање смет

Редакција